Бриаторе со порака до Ферари: Направете го Леклер број 1

Според Флавио Бриаторе, Ферари треба јасно да го направат Шарл Леклер возач број 1 во тимот. Скудерија ја започна сезоната со Себастијан Фетел како возач со привилегиран статус, но каок што одминуваше сезоната, Леклер се повеќе го заслужува вниманието во Маранело.

Леклер е побрз од Фетел и е подготвен за титула. Доколку јас бев шеф на тимот, тој веќе ќе беше број 1 возач.

Можеби не е совршен, но ја завршува трката. сите треба да работат како тим. Треба да избереш возач кој ќе ја донесе титулата, а не кој никогаш нема да победи. Фетел е добар, но како втор возач во моментов – смета дон флавио.

Бриаторе смета дека германецот повеќе не е помеѓу најдобрите 3 возачите на Формула 1 гридот.

За мене Леклер, Хамилтон и Верстапен се на врвот. Хамилтон не победува бидејќи е најдобар, туку затоа што има најдобар болид. Тоа не го прави непобедлив, иако тој е силен и не прави грешки. Кога е под притисок тоа е друго.

За Ферари шансите за титула се наредната година, но спеак Бриаторе не е целосно сигурен во тоа.

Се надевам дека ќе ја освојат титулата наредната година, но тие се добри на стартот на секоја година.

Флавио исто го коментираше и Мик Шумахер кој е син на седум кратниот шампион во Формула 1.

Мик е добар возач, но не е на ниво на татко му. Му посакувам се најдобро, но не треба да се споредува со неговиот татко.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ