Британија: Мерцедес доминантни, Ферари за жалење

Мерцедес во доминантен стил стигнаа до нова победа, овојпат 1-2 откако Луис Хамилтон беше класа за себе на домашната трка, а Скудерија Ферари благо речено беа за жалење и извозеа трка со очајно аматерски крај.

За Хамилтон ова беше 57ма победа во кариерата, а 4та едноподруго во Британија со што го изедначи рекордот на Џим Кларк. Исто така ова беше негова 5та домашна победа со што застана на чело не вечната листа со Кларк и Алан Прост. Воедно 110ти подиум за Хамилтон, јубилејна 70та победа за Мерцедес, а 37ма во доминантен 1-2 стил.

Зад него по феноменални перформанси цела трка заврши Валтери Ботас кој 3то место го превзема 7 кругови до крајот, а второто во претпоследниот круг. Подиум број 15 за Ботас, а 141 за Мерцедес, со што “сребрените“ се изеначија со Ред Бул по број на подиуми.

На 3то место заврши Кими Раиконен со својот 87ми подиум и 717ти за Скудерија откако му се дупна предната лева гума на два круга пред крајот од трката пош то го загуби своето 2ро место на кое беше од стартот на трката.

За Макс Верстапен, Кевин Магнусен и Карлос Саинз Бритнаското Гранд При беше јубилејна 50та трка во нивната Формула 1 кариера. Честитки за нив.

Стартот беше одложен за еден круг откако Џулион Палмер од Рено се пожали на проблеми, а од преку радиото му беше дојавено да се паркира и да го угаси болидот. Проблемите биле со хидрауликата и системот за сопирање. Жолтиот болид застана крај патеката на Стоув. Следуваше дополнителен загревачки круг.

На стартот немаше проблеми, по првиот круг Верстапен ја превзема позицијата на Ветел, Перез имаше лош почеток и падна 3 позиции, Ботас од 9то стигна до 7мо место.

Она што беше интересно првиот круг беше дуелот во Торо Росо. Саинз го минуваше Квјат на брзата секција во средниот дел од патеката, но русинот несмасно “гњурна“ во неговиот болид и предизвика двајцата возачи да се извртат крај патеката, а мало оштетување имаше и Зауберот на Паскал Верлејн. Саинз беше бесен преку тимското радио, честитајќи му на Квјат за глупоста, стјуардите го истражуваа инцидентот и му доделија казна од минување преку бокс на Дани поради небезбедно вклучување на патеката.

По овој инцидент на патеката излезе Безбедносното возило кое беше присутно до 5от круг од трката.

При рестартот најдобро се снајде Валтери Ботас. Во 6от круг финецот го мина Естебан Окон за 6то место, а следниот круг го остави зад себе и Нико Хулкенберг за 5то место.

Од 13от до 19от круг траеја нападите на Себастијан Ветел над Макс Верстапен. Германецот од Ферари сакаше да мине, но неклку пати безуспешно се обиде затоа што младиот Макс многу храбро и на моменти агресивно ја “затвораше вратата“ пред него.

Во 19от круг Ферари се реши да го внесе Себ во боксот и му стави нови софт пневматици. Следниот круг, за да ја покријат стратегијата на Ферари, истото го сторија и Ред Бул со Верстапен, но загубија позиција. По промената на гумите, Макс се врати на 6то место, неколку секунди зад Себастијан.

За одбележување 19от круг беше тоа што Даниел Рикардо го мина Фелипе Маса и беше на 10то место што беше извонредно за него ако се земе во предвид дека трката ја почна од 19та позиција на гридот.

Во 22от круг себастиан Ветел го мина Нико Хулкенберг и веќе беше на 4то место.

Кругот број 25 беше моментот кога Кими Раиконен влезе во бокс по нови гуми и доби жолта софт компонента, а следниот круг тоа го направи и Луис Хамилтон, покривајќи ја стратегијата на Скудерија.

Последен од водечките промени Валтери Ботас кој смени од софт на суперсофт во 32от круг и излезе зад Ветел, на 4то место, не добивајќи ништо од долгата серија и алтернативната стратегија.

Круг по Ботас за прв пат гуми промени и Рикардо кој 33 кругови возеше на суперсофт. Пред да смени на софт беше 6ти, а по излегувањето од бокс додје на 10то место. Но, беше во форма и од 34от до 36от круг мина крај Перез, Окон и Магнусен и дојде до 7мо место.

Фернандо Алонсо извозе само 34 кругови пред да се пожали дека нема моќ од неговиот мотор и се паркираше во гаражата.

По излегувањето од бокс Валтери Ботас беше препороден и возеше секунда по круг побрзо од Ветел стигнувајќи го во 42от круг, а престигнувајќи го два круга подоцна, откако германецот немаше никаква шанса да се одбрани крај пребрзиот сребрен болид на Мерцедес.

Драмата беше последните два кругови. Најпрво предната лева гума на Кими Раиконен не издржа и пунка. Финецот за среќа беше блиску до бокс и веднаш влезе, но загуби едно место и наместо на 2ро, финишираше на 3то место инкасирајќи 15 наместо 18 поени.

Гледајќи што му се случи на Раиконен, Ред Бул се решија да го повикаат Верстапен по нови гуми на круг пред крајот по што тинејџерот во тој момент падна за една позиција.

Најинтересното беше потоа. Последниот круг кобен за Ветел, неговиот софт екслодираше и тој се прошета крај патеката, но беше во почетниот сектор и додека се врати во гаражата по нови гуми беше минат од Верстапен, Рикардо и Хулкенберг финиширајќи на 7мо место.

Ред Бул имаа одлична трка со 4то и 5то место, а феноменален беше Даниел Рикардо кој стартуваше од 19то место. Хулкенберг донесе нови 8 поени со 6то место за Рено, а двоен пласман во поени повторно за Форс Индија, но овојпат Окон пред Перез. Последниот поен му припадна на Фелипе Маса.

Аматерскиот последен круг го чинеше Ветел многу поени и во моментов е на само еден поен пред Луис Хамилтон кај возачите, а 23 пред Валтери Ботас. Следува Рикардо, Раиконен па Верстапен кој си го врати своето 6то место од Перез.

Глупоста на Ферари ги чинеше зголемен заостаток кај конструкторите и во моментов имаат 275 поени, односно 55 помалку од Мерцедес, а 101 повеќе од Ред Бул. Форс Индија се “бетон“ на 4то место, а Вилијамс со констаноста во последно време дојдоа до 5то место со 8 поени повеќе од Торо Росо. Хаас се следни со 4 поени зад Торо Росо, а 3 пред Рено.

[table id=23 /]

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ