Вандорн и де Вриес во Формула Е тимот на Мередес

Мерцедес го официјализираа својот фабрички Формула Е тим и Формула Е болид во Франкфурт, а Стофел Вандорн и Ник де Вриес ќе бидат нивни возачи следната тркачка сезона во електричната серија.

“Сребрените стрели“ влегуваат во својата прва Формула Е тркачка сезона со електромотор кој е развиен во фабриката за мотори на тимот во Бриксворт, каде се произведуваат и нивните Формула 1 мотори.

Стофел Вандорн веќе има Формула Е сезона зад себе, додека за моменталниот лидер во Формула 2 шампионатот, Ник де Вриес, следната сезоан ќе биде деби во електричната тркачка серија.

во стофел и ник имаме двајца одлични и адаптивни возачи кои може да продолжат да учат и да раснат со нас во нашата првва формула е сезона. во мерцедес ние имаме 125 години историја во тркањето, но свесни сме дека формула е е многу различна од сите други серии каде сме се тркале. даваме се од себе да сме успешни, но знаеме дека ни претстои долг процес на учење – објасни иан џејмс, шефот на тимот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ