Ван дер Гарде до Гасли: Покажи им дека погрешиле

Поранешниот возач на Ред Бул кој не мина добро во тимот, Гидо ван дер Гарде, му даде совет на “уназадениот“ Пјер Гасли, а тоа е да му докаже на тимот дека погрешиле во врска со него.

Иако по трката на Хунгароринг во Ред Бул најавуваат дека нема прават промени кај возачите до крајот на сезоанта, мина само една недела пред да направат рокада помеѓу нивните две екипи, Пјер Гасли го вратија во Торо Росо, додека Александер Албон го унапредија во Ред Бул.

Официјалната причина е проценка на перформансите на британецот со тајландско потекло во врвен болид пред да се донесе одлука кој ќе биде партнер на Макс Верстапен во тимот од Милтон Кинс следната сезона. Ситуацијата на Гасли е болна, но ништо не е целосно завршено, а ван дер Гарде го соверува да нападне и да се бори за место во тимот.

во 2013 година на половина од сезоната моите резултати со катерхам не беа како што очекував нити како што тимот очекуваше. тоа беше моја прва формула 1 сезона и тогаш сфатив како се се случува додека трепнеш.

на една трка имате судар, на друга механички дефект и пред да се освестите сте под голем притисок, а немате никакво искуство.

тоа беше моја прва година, но останав мирен затоа што покажав во гп2 дека среќата ќе се сврти, тоа продолжував да си го велам сам на себе. потоа заѕвони телефојот и ми се јави тимскиот шеф, со кого имав одлучен однос и ми кажа дека доколку ја зезнам следната трка повеќе не сум дел од екипата.

не почнав да паничам, туку притисокот го искористив како мотивација. следната трка беше во спа, се квалификував на к2, а шефот на тимот беше пресреќен. тоа е формула 1.

поради тоа сочувствувам со пјер, но тој не треба да се откаже, треба да си ја врати самодовербата и да вози како лани. сигурно дека на сите ќе им покаже дека погрешиле – напиша ванд дер гарде на социјалните мрежи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ