Васур: Алфа притиска максимално, но има ризик

Тимскиот шеф на Алфа Ромео, Фредерик Васур, призна дека максималното притискање во квалификациите не било без ризик, како што искуси Кими Раиконен во Монца.

Раиконен, кој излета на Параболика во Т1, влезе во топ 10 во квалификациите, но повторно излета во последниот свиок во третиот и последен сегмент од сесијата. Васур го прифаќа фактот дека екипата мора да се подобри во резултатите, но тоа ги поставува возачите на самиот раб.

Понекогаш мала грешка на почетокот може да доведе до големи проблеми. Мора да останеме смирени. Кими заврши одлична работа од самиот почеток на сезоната.

Знаевме дека може да стигнеме и до 6то или 7мо место во квалификациите и за тоа ќе биде потребен ризик и мора да прифатиме дека понекогаш ризикот ќе доведе до грешки.

Пред стартот на трката, тимот по грешка стави медиум пневматици кај Кими, а требаше да користи софт компонента од К2. Поради тоа, Раиконен заработи казна од 10 секунди во боксот.

Не знам што се случи, мора да истражам повеќе – додаде Васур.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ