Васур задоволен од својот тим

Фредерик Васур, првиот човек на Алфа Ромео е задоволен од напредокот на екипата оваа тркачка сезона.

Годинава Заубер широко поддржан од Ферари се ребрендираше во Алфа Ромео, а за нив вози и последниот првак на Ферари, Кими Раиконен. За француски Auto Hebdo Васур потврди дека е задоволен од резултатите на екипата.

лани заостанувавме во однос на чисти перформанси со 2,6%, а сега тој заостаток е 1,6%. тоа докажува дека сме се развивале во правилна насока.

средината од поредокот е многу конкурентна сезонава, но ние сме присутни во К3 барем со еден болид на последните шест трки што е одличен знак дека сме добри – анализира васур.

Сепак, Алфа Ромео се 8ми во конструкторскиот поредок, а Фред најави дека целат на 4то место на Мекларен.

целиме на мекларен и на рено. следната година ќе го надоградиме овој болид и ако завршиме силно годинава, ќе почнеме силно следната.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ