Васур очекува викенд без грешка и поени

Фредерик Васур изјави дека трката викендов ќе бара голема посветеност и жртва од сите во Алфа Ромео, но дополни и дека се целосно подготвени за предизвикот.

Шефот на тимот е свесен дека до сега биле конкурентни на сите патеки и не гледа причина зошто Марина Беј да биде исклучок, а крајна цел е секако двоен пласман во поени за возачите на екипата.

Кими беше брз на последните две трки, но не ги заврши од работи кои не се по негова вина, додека Џовинаци освои поени на домашната трка во Монца, а на Спа излета во последниот круг.

сингапур е викенд кој бара многу од сите во тимот поради влажноста, топлото време и европските времиња по кои се работи, но ние сепак сме подготвени за предизвикот.

покажавме дека можеме да бидеме конкурентни секаде и нема причина така да не биде и претсојниов викенд доколку си ја одработиме нашата работа. разликите во средината се многу мали дури и на долг круг како во сингапур и секој детал ќе прави разлика.

мораме да одбегнеме грешки и да ги поставиме двата болиди во ситуација да се борат за поени – посака васур.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ