Васур: Треба помалку да грешиме

Фредерик Васур, шефот на Алфа Ромео, изјави дека тимот треба да престане да греши за повторно да се врати во топ 10 и да продолжи со освојување на поени како на почетокот на сезоната.

Ребрендираната швајцарска екипа ја почна сезоната силно откако Кими Раиконен освои поени на првите четири трки од калеендарот, но од тогаш, бело-црвениот болид нема дојдено до бодови на останатите три трки. Како резултат на тоа, швајцарците се на 9то место во поредокот со 13 поени, повеќе само од Вилијамс кои немаат пласман во бодови сезонава. Хаас се пред Заубер со 3 поени.

последните три трки не се одвиваа согласно планот, но ќе беше многу лесно да се обвини недостатокот на среќа. како екипа треба да правиме помалку грешки, да работиме понапорно што и го правиме по канада за да го најдеме целосниот потенцијал на нашиот болид.

во исто време нема причина да се разочаруваме, покажуваме борбем дух и ќе извадиме максимум од развојот кој го имаме планирано за следните неколку трки. убеден сум дека ќе ја вратиме брзината и ритамот кој го имавме на почетокот од сезоанта и ќе се вратиме во борба за поени – најави васур.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ