Вајт Бајкс бара надомест на штета од Рич Енерџи

Проблемите за Рич Енерџи не престануваат ткако од Вајт Бајкс потврдија дека сакаат да покренат тужба за надомест на штета откако судот пресуди дека енергетски пијалоци го ископирале нивното лого.

Во Мај Вајт Бајкс го доби судскиот спор во Лондон против Рич Енерџи, директорот на компанијата Вилијам Стори и компанијата која го дизајнирала логото по што судот нареди Рич енерџи да ги плати судските трошоци од над 35 илјади фунти.

Судските трошоци сеуште не се платени така што од Вајт Бајкс најавија дека разгледуваат можност да си ги наплатат парите по судски пат или да побараат банкрот на компаниите или на Стори.

на 27 јуни врховниот суд во лондон донесе решение против обвинетите рич енерџи, вилијам стори и стаксовеб, а во него се велеше дека треба на вајт бајкс да им палтат 35.416 фунти до 11 јули 2019 година.

обвинетите сеуште не платиле никакви трошоци поврзани со решението, а секој од обвинетите е подеднакво одговорен за сумата која треба да се плати.

нашата компанија е принудена да превземе чекори за да си ги наплати парите кои ни следуваат што подразбира и тужба против рич енерџи, стаксовеб како и барање за банкрот кон господин стори – гласи соопштението од вајт.

Ова доаѓа само ден по сагата и преписките помеѓу Рич Енерџи и Хаас, а во врска со нивното партнерство, дали истото продолжува или ќе биде прекинато.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ