Вебер: Мекларен се подобри од Рено со ист мотор

Поранешниот возач на Ред Бул, Марк Вебер, изјави дека Рено не може да му конкурираат на нивниот клиентски тим Мекларен.

Карлос Саинз конечно ја заврши лошата серија и освои поени со 7та позиција во Баку, додека Ландо Норис заврши на 8та позиција и ова се први двојни поени за тимот во 2019 година.

Иако темпото на Мекларен изгледа се посилно во последните трки, Рено имаа доста проблеми откако нивните два болида не ја завршија трката во Бахреин а во Азербејџан се мачеа да стигнат до топ 10 иако најавуваа дека ќе се борат со топ 3 тимовите.

Како што се предвидуваше, тие завршија одлична работа. Тие сега се тим под голем притисок бидејќи немаат перформанси.

Пред сезоната зборуваа дека ќе ги предизвикаат топ 3 тимовите, а сега се далеку од тоа. Имаат многу проблеми со издржливоста, а Мекларен со истиот мотор е далеку подобар тим. Мекларен се на вистинскиот пат.

Вабер е загрижен и за Даниел Рикардо кој дојде од Ред Бул во Рено.

Сезоната на Даниел воопшто не е ни почната. Има голем предизвик со Рено и сега почнуваат да тонат, а ги чека многу работа.

Даниел нема заборавено да вози, но формата е променлива. Сега неговата кариера е под предизвик. ТОј е доста ценет, но е во лоша позиција. ТОа е очигледно. Бара резултати и да пие шампањ од подиум.

Загрижен сум со неговиот потег и се надевам дека тимот ќе се поправи. ДОколку по неколку месеци сеуште нема перформанси тогаш треба да се види со неговите агенти.

Даниел имаше голема корист во минатото и се очекуваше да оди нагоре. Сега Рено треба да му помогнат – смета вебер.

Мекларен во моментов се на 4та позиција кај конструкторите со 6 поени предност пред Рено

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ