Вебер смета дека Ферари треба да се фокусира на 2020

Марк Вебер смета дека Ферари треба да размислат да се откажат од оваа сезона и целосно да се насочат кон следната година по следната трка во Канада.

Досега Мерцедес има 5 победи во доминантен 1-2 стил на првите пет трки од сезоната, а се чини дека на доминациајта и нема крај.

ако ова продолжи да се случува, тогаш ферари треба да се фокусира кон 2020 година. ако и по канада продолжат да ги бркаат мерцедес тогаш имаат вистински и реален проблем.

мерцедес се премногу добро организирани особено на денот на трка. самоуверени се и релаксирани и секогаш беспрекорни дури и кога се под огромен притисок.

за жал на ферари, мерцедес успејаа да постигнат неверојатен аеродинамички баланс на својот болид кој е брз на секаков вид на патеки – објасни вебер.

Во врска со Ферари, австралискиот Формула 1 возач појасни:

тие даваат впечаток дека се неорганизирани, не се проактивни и не стигуваат секогаш да одговорат на тоа што реално се случува.

во однос на себастијан фетел, јас гледам два проблеми. не само што неговиот болид не е доволно конкурентен, тој исто така има и претерано брз колега. дури и ако себ има одличен болид, ќе мора да ги дели победите со леклер.

но, ферари не победува, а тоа носи притисок врз него додека леклер е млад и само ќе продолжи да притиска. мислам дека себ е доволно силен да одговори, но сеуште му треба поддршка од ферари.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ