Вебер: Ф1 ги прави возачите премногу достапни

Формула 1 често е критикувана за минималниот пристап кој фановите го имаат до возачите, но Марк Вебер смета дека во моментов спортот е целосно свртен во друга насока. Една од главните цели на американците од Либерти Медиа при превземање на тркачката серија беше да го направат спортот подостапен за фановите.

Мора да бидете многу внимателни затоа што возачите треба да останат херои, а тоа понекогаш е тешко да се направи. Мислам дека отидовме предалеку во однос на достапноста и социјалните медиуми и мораме да бидеме внимателни за да професијата на возачите остане достојна.

Роже Федерер не дава никакви интервјуа пред Вимблдон, целосно е концентриран и никој нема пристп до него – изјави поранешниот возач, Марк Вебер, за Autosport

И додека Марк смета дека достапноста до возачите мора да биде ограничена, смета дека на тркачкиот викенд може да се направат други работи за да се подобри целокупното шоу.

Формула 1 може да научи од Гудвуд фестивалот на брзината, брзи одлуки, отвореност, демографија, деца, мајки, татковци… Овдека има за секого по нешто, огномет, мотокрос, мора да имате разноликост.

Војводата од Ричмонт кој го поседува Гудвув е пред времето со своето размислување. Гудвуд е најдобар настан во светот, а вториот е многу, многу зад него.

Во денешното општество тешко се добива дозвола за било какви работи, а Војводата носи одлучни одлуки, проактивен е, динамичен и тоа е потребно – заклучи Вебер.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ