Верлејн им се понудил на Хаас

Паскал Верлејн ги понудил своите услуги на Хаас во надеж дека ќе се врати на Формула 1 гридот следната година, откри шефот на екипата Гунтер Стаинер.

Паскал се тркаше за Манор во 2016 година, а следната мина во Заубер, но последните две сезони вози во германската ДТМ серија. Остана близок до Формула 1 како возач во симулаторот на Ферари сезонава. Стаинер посочи дека тимот бара искусен возач поради што тешко дека Верлејн ќе стане дел од тимот.

тој е надвор од формула 1 две години, беше на патеката пред неколку години, но неодамна ми пријде и ме праша дали постои некаква можност да го ангажираме. му кажав дека не постои можност затоа што две години не се трка во формула 1, а ние сакаме и искусен возач кој долго време е во оваа тркачка серија – откри стаинер.

Се очекува германецот да остане во Формула Е тимот на Махиндра и следната сезона заедно со Џером Д`Амбросио.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ