Верстапен: Ако ова е за казна, тогаш да си седиме по дома

Макс Верстапен вели дека возачите треба “да си седат по дома“ и дека нема поента да “се биде во Формула 1“ доколку тој биде казнет за маневарот над Шарл Леклер во Австриското Гранд При.

Возачот на Ред Бул го стигна и претекна Леклер на 3 кругови до крајот на трката, но двајцата имаа контакт додека Леклер се обиде да ја задржи позицијата од надворешната страна.

Инцидентот е под истрага на стјуардите. Веднаш по трката, Верстапен го сподели своето мислење:

Ова е силно тркање, инаку би требало да си седиме по дома. Ако тие работи не се дозволени во тркањето, тогаш која е поентата да се биде во Формула 1?

Победата на Верстапен воедно беше и прва победа за тимот во новото партнерство со нивниот снабдувач на агрегати, Хонда, како и прва победа за јапонскиот производител од нивното враќање во 2015 година.

Можевте да забележите дека и на правците дека имав добра форма и затоа можев да ги правам тие претекнувања.

Екстремно сум среќен со целиот тим и секако со Хонда. Победата е неверојатно постигнување.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ