Верстапен за Леклер: Ова беше неодговорно возење

Макс Верстапен ги обвини стјуардите за непочитување на правилата за нивниот третман во врска со одделнтие инциденти на возачите на Ферари, Шарл Леклер и Себастијан Фетел.

Холанѓанецот беше приморан да се откаже од трката во 15от круг поради штета по дуелот во втората кривина со Шарл Леклер при борба за позиција. По контактот, Леклер влезе во бокс три кругови подоцна по ново предно крило откако му се распадна првичното, но го загуби и ретровизорот. Стјуардите првично решија дека нема да го истражуваат инцидентот, но кон средина на трката се “пишманија“ и објавија дека ќе направат истрага по крајот на трката.

Проблем со Фетел беше тоа што загуби водство на стартот од Валтери Ботас откако тргна прерано и веднаш закочи за да не биде казнет. Кими Раиконен за таква грешка на претходната трка во Русија доби временска казна. Сепак, ицидентот на Фетел беше отфрлен.

јас овој пат конечно имав одличен старт и останав од надворешниот дел, мислам дека бев на 3то место и одеднаш во втората кривина шарл буквално влета во страничниот дел на мојот болид. мислам дека јас не можев да направам ништо поинаку од тоа што го направив.

знаеме дека пзоади болид се губи потисна сила, но тој е веќе искусен, го знае тоа и тоа не е оправдување. чудно е што стјуардите првично не сакаа да покренат истрага за инцидентот, страничниот дел на мојот болид беше уништен, буквално имав дупки.

потоа решија да го прегледаат сударот, но по крајот на трката. не знам што повеќе треба да направи за да добие казна. јас сакам силно тркање, но ова не беше тркање туку неодговорно возење. јасно е дека имаше лош старт и сакаше да си ја врати позицијата, но трката е долг – објасни верстапен.

Не беше Леклер едиснтвениот возач на Ферари кој беше мета на Макс.

потоа исто так агледав и снимка од стартот на себастијан. мислам, тргна, па застана, а правилата се јасни дека не смее да се поместите, но стјуардите сметаат дека било во ред затоа што не се стекнал со предност. навистина не разбирам што се случува денеска со правилата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ