Верстапен збунет по инцидентот со Гасли

Макс Верстапен остана збунет откако мораше да го испушти педалот за гас позади бавниот болид на неговиот тимски колега, Пјер Гасли, за време на вториот слободен тренинг во Канада.

Холанѓанецот брзо се доближуваше до Гасли, но при излез од шиканата изгуби потисна сила и удри во Ѕидот на Шампионите. Имаше мала штета на тркалата од десната страна на неговиот РБ15, но тој помина без потреба за големи поправки.

Пјер беше пред мене и мислам дека му беше пренесено да забрза, но не знам што точно се случи во тој момент. Стигнав до шиканата, имав подуправување и отидов прешироко кон ѕидот.

Штета е. Изгубивме време на патеката поради тоа, но додека возев изгледавме прилично добро. Моментално сеуште треба да се подобриме, но не е драматично.

Само некои мали подесувања. Не очекува малку работа.

Моментално мислам дека сме на четвртто место. Мислам дека Карлос заврши на таа позиција, но би требало да сме пред него.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ