Верстапен изненаден од гласините за Мерцедес

Макс Верстапен се приклучи на коментарите дека неговиот татко е во редовни преговори со шефот на Мерцедес Тото Волф.

Овие гласини беа потикнати од Хелмт Марко, кој изјави дека е можно младиот холанѓанец да ја искористи својата клаузула за раскин на договорот и во 2020 година да премине во конкурентскиот Мерцедес. Таткото на Макс, Јос изјави дека воопшто го нема телефонскиот број на Волф.

Изненаден сум од гласините. Никогаш не сум се слушнал со Тото Волф ниту мојот татко.

Тој воопшто го нема бројот и тоа е смешно. Тие понекогаш разговараат, но тоа е за бебиња и картинг.

Макс отфрли и дека има клаузула поврзана со перформанси во неговиот договор.

Не сакам да зборувам за мојот договор. Тоа е нормално и приватно.

За холанѓанецот е најважно да има добар болид, додека Марко смета дека болидот има проблем со аеродинамиката.

Се чувсвувам подобро во болидот од минатата година. Сега не сме доволно брзи. Знам дека е нешто погрешно со конфигурирањето. Ќе видиме како се однесува болидот со проментите. Не е голем проблем и брзо ќе се реши.

Доколку имаме добар баланс ќе сме поблиску до Мерцедес и Ферари. Тестот во Бахреин ни даде добра насока. Ова се проблеми со аеродинамика но мислам дека можеби треба да се види целиот концепт. Имаме добар мотор но не е на ниво на Ферари и Мерцедес.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ