Верстапен: Мал напредок од Хонда ќе направи голема разлика

Макс Верстапен вели дека малку повеќе моќ и повеќе баланс ќе направат голема разлика за Ред Бул на следните трки во сезоната.

Верстапен стигна до два подиума во 7 трки од новото партнерство помеѓу Ред Бул и Хонда и ќе имаше три финиши на подиумот доколку не го загубеше второто место во Монако поради временска казна.

Ред Бул имаа потежок викенд во Канада, каде Верстапен не се квалификуваше во топ 10, а заврши на 5то место, но Макс верува дека Монтреал ги прикажал проблемите кај тимот и кај Хонда.

Секогаш велам дека уживам. Секако дека треба да бидеме подобри, но верувам во проектот со Хонда. Работиме напорно за да ги подобриме перформансите и ќе видиме каде ќе бидеме на следните трки.

Ако имате повеќе моќ, повеќе баланс во болидот, тогаш ќе биде поинаку.

Во Монако бевме втората најдобра екипа. Знаев дека во Монтреал нема да биде добро. Минатата година бевме прилично конкурентни, но мислам дека нашиот болид тогаш беше подобар од Мерцедес и Ферари, а сега не бевме супериорни. Тогаш автоматски станува потешко.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ