Верстапен незагрижен од казната која следува во Монца

Макс Верстапен не е загрижен од она што следува за него во Монца, односно казна во пресрет на стартот поради промена на Хонда мотор во неговиот Ред Бул болид.

Јапонците ја донесоа 4та спецификација од моторот на белгиска Спа во Петок, а чест први да ја пробаат имаа Даниил Квјат од Торо Росо и Александер Албон од Ред Бул, иако тајланѓанецот трката ја комплетираше со стар мотор од втора спецификација.

Официјална потврда сеуште нема, но очекувањата се Верстапен да го добие новиот мотор на Националниот автодром Монца и на тој начин да ја почне трката од задниот дел на гридот, но тој се надева дека долгите правци ќе му овозможат полесно да напредува.

веројатно ќе следи промена кај макс во италија, ќе донесеме одлука во текот на неделава, но најпрво ќе дискутираме со хонда да видиме што тие мислат. сите се охрабрени од она што го видоа во петок, податоците кои ги добивме од возењето на квјат ни покажуваат јасен напредок и перформанси согласно очекувањата – смета кристијан хорнер.

Младиот холанѓанец смета дека дури и со старт од последните редови ќе може да ги мине ривалите од средина на поредокот и да заврши зад болидите на Мерцедес и Ферари.

мислам дека нема да биде тешко да се претекнува, иако ништо не е потврдено во однос на моторот и казните, но и со старт од опашката, не гледам голем проблем.

сите знаеме дека ферари же бидат пеколно брзи во монца, а ако почнете од позади веројатно тешко ќе ги стигнете првите 4ца возачи, но може да се биде зад нив.

Стратегијата на Ред Бул и Хонда е да се избегнат казни на Сингапур каде очекуваат победа и во Сузука која е домашна трка на производителот на мотори.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ