Верстапен не може да направи магија за Хонда во Јапонија

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, е реален дека не може да вети одличен резултат за домашната трка на Хонда во Сузука.

Двата тима кои користат мотори на Хонда, Ред Бул и Торо Ророс, се решија во Сочи да инсталираат нови мотори и поради тоа се соочија со казни. Тој призна дека во Русија не можел повеќе од четврто место.

Беше навистина досадно, Но за Сузука не знам. Ќе видиме. Да не влевам лажна надеж. Не очекувам да е магичен викенд бидејќи сме зад другите – реален е холанѓанецот.

Поранешниот Формула 1 возач Јан Ламерс изјави:

За време на сезоната го гледав развојот на Ред Бул. Тие почнаа да победуваат на трки и мислам дека се очекуваат убави работи од нив.

Ферари успеа со само еден потег да ги стигне, тие се силни на квалификации и на трка, а Ред Бул веднаш стана трет тим.

Но Верстапен ја смирува топката.

Ова не се наши најдобри недели, но некогаш тоа се случува. Може да дадете се од себе и не може да ги контролирате работите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ