Верстапен: Одам на максимални поени

Младиот возач на Ред Бул, Макс Верстапен, изјави дека Сингапур му е една од омилените патеки во Формула, 1 но и дека бара најголема психичка и физичка подготовка. Холанѓанецот минатата година заврши на втора позиција во трката зад шампионот Луис Хамилтон.

Сингапур е прекрасна патека и градот изгледа одлично навечер. Уживам под рефлекторите кои и даваат карактер на патеката и поради тоа ова не е нормална трка.

Патеката многу бара бидејќи е топло и психички мора да се подготвиш. Има многу свиоци кои се мешавина од брзи и бавни – опиша верстапен.

По стартот од крајот на Монца поради промена на моторот, тој се надева дека ќе биде во подобра позиција во Сингапур.

Ова е трка каде треба да сме доста подобри. Лани завршив на втора позиција, а оваа година се надевам на уште еден добар викенд.

Престасувањето е доста тешко и затоа се важни квалификациите. Се надевам дека ќе имам мирен викенд и ќе стартувам од добра позиција. Цел ми се максимални поени и со нетрпение ги очекувам.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ