Верстапен: Проблемите на Мекларен и Хонда донесоа претпазлив пристап

Макс Верстапен смета дека Хонда биле во право што имале прептазлив пристап со својот мотор оваа сезона откако имаа проблематични три години како партнери на Мекларен.

Со моторот на Хонда во својот Ред Бул болид, холанѓанецот победи на две трки сезонава, перформансите на пакетот се се посилни, а се очекува трета спецификација од моторот која дополнително ќе ги забрза.

секако дека сум среќен од првиот дел од оваа сезона. почетокот на новото партнерство со хонда требаше да биде претпазливо. знаев дека имаат одлични луѓе и дека добрите резултати ќе дојдат, но имавме и свои проблеми од почетокот на годината со болидот кој не беше оптимизиран од некои причини.

продолживме да работиме со цела сила во фабриката, притискавме силно со новит еделови и реагиравме многу брзо. секако дека адриан њуи имаше контрола врз се и многу брзо ги решивме проблемите со болидот кој стана прекрасен за возење.

од австрија донесовме некои нови делови кои беа еден вид пресврт за нас затоа што можевме да го притискаме силно болидот. почнавме да добиваме и повеќе моќ од моторот кој беше константен.

гледате дека притискаме посилно и немаме никакви дефекти поради тоа. по негативните работи кои хонда ги имаа во мекларен и сите расипани мотори, беа претпазливи што мислам дека е вистински пристап за нив во таква ситуација – анализира верстапен.

Од првата трка во сезоната, Австралиското Гранд при, до трката за Големата награда на Франција, Макс имаше два подиуми, четири пласмани на 4то место и едно 5то. Но, на последните четири трки, тој има две победи, едно второ и едно петто место, што значи најмногу освоени поени од сите возачи.

штом почнавме да го подобруваме болидот, ни требаше малку дополнителна сила и од моторот, затоа што ферари имаат пресилен агрегат, а посилни од нас се и мерцедес.

ни требаше ветар во грб да го направиме тоа и штом го добивме стигнавме во борбата за врвот на трките кои следуваа.

како што видовме во австрија, болидот оживеа и на трката буквално летавме. на силверстон требаше да завршиме на второ место, но не можев да го покажам ритамот затоа што заглавив во борбата со шарл леклер.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ