Макс Верстапен би сакал да се врати правилото за полнење на гориво во Формула 1 бидејќи би довело до тркање до максимум, наместо трките да бидат доминирани од стратегии со гориво и одржување на пневматиците.
Претседалот на ФИА, Жан Тод, повика да се разгледа можноста за враќање на ова правила како дел од новите правила од 2021 година.
Запрашан за долевање на гориво во трка, кое последен пат постоеше во 2009 година, Верстапен вели дека тој е отворен за идејата ако доведе до акција на патеката со повеќе различни стратегии, како и тоа ако им овозможи на возачите да притискаат во целата трка.
Да, зошто да не. Преферирам да притискам цело време, наместо да чувам пневматици. Во Австрија притискавме постојано.
Ќе се разликува на некои трки. Незнам дали Ф1 ќе се подобри ако го вратиме правилото.
Долевањето на гориво беше забрането како мерка за намалување на трошоците, додека многумина сметаат дека истото довело до трки каде повеќето претекнувања се случуваат во бокс, наместо на патеката.
Валтери Ботас исто така го дели мислењето на Верстапен, но смета дека главна предност ќе бидат полесни болиди, како резултат. На секој болид е дозволено да има 105 килограми гориво за секоја трка, а возачите се приморани да го менаџираат истото.
Се додека болидите се полесни, ќе биде подобро за сите, за тркањето, за пневматиците, се, така што се што може да се подобри за тежината ќе биде бонус и ќе уживаме во тоа повеќе, секој ќе ужива во тоа повеќе.