Верстапен сака повеќе победи: Секогаш можам подобро

Макс Верстапен ужива во летната пауза откако Ред Бул стигна до две победи на последните четири трки во 2019 година.

Тој беше блиску до трета победа во Унгарија, но одличната стратегија на Мерцедес му помогна на Луис Хамилтон да го превзеде водството во самата завршница. Сиот успех го прави Макс уште погладен за повеќе.

Прилично добро е, но секогаш може да биде подобро. Секако дека сакаме повеќе победи. Не сум тука да создадам големо шоу, само сакам да стигнам до најдобриот резултат. Сакам да се борам на патеката за победи. Ги предизвикувам другите возачи и мислам дека тоа им се допаѓа на фановите.

На почетокот на новото партнерство со Хонда бев многу претпазлив. Знаев дека тие се одлични луѓе и дека ќе стигнат до добри резултати. Мислам дека Хонда не сакаа да се откажат. Имавме малку потежок почеток одколку што посакувавме во однос на болидот. Но двете победи беа одлични.

Мислам дека во повеќето трки ги максимизиравме резултатите и бев среќен во болидот. Го подобривме болидот, а Хонда го подобри моторот.

Во Австрија бев особено среќен за Хонда што победивме. Секоја победа е одлична, но за нив беше емотивно и среќен бев што тоа се случи на нашата домашна трка во Австрија.

Во Германија беше тешко. Условите се менуваа постојано, беше многу лесно да се направи грешка. Но како тим успеавме да менаџираме се многу добро. Имавме добра комуникација, добри менувања во бокс и бевме фокусирани.

Ја имавме вистинската стратегија, вистинската комуникација и правилните пневматици кога беше најважно. Кога бев во водство со мазни пневматици знаев дека ќе биде тешко да ме претекнат.

По таа трка, Верстапен стигна до својата прва пол позиција во Формула 1 на патеката Хунгароринг.

Мојата прва пол позиција секогаш ќе биде посебна. Тој круг е толкаво уживање, навистина се чувствува грипот на болидот и нивото на потисна сила. Беше уште еден одличен ден за сите во тимот, а тоа ги вклучува и Хонда.

Следната трка е мојата омилена патека. Спа е неверојатна патека со брзи свиоци, целото движење на патеката е навистина големо уживање.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ