Верстапен свесен дека нема гаранција за добар резултат

Макс Верстапен не смета дека Ред Бул се главни кандидати за победа на престојното Сингапурско Гранд При кое е на програмата викендов.

Екипата од Милто Кинс пристигнува на Марина Беј со надеж дека ќе предизвика за 3та победа годинава на автодром кој барем на хартија многу одговара на нивниот РБ15 пакет. Но, Мерцедес исто така очекуваат силни перформанси викендов особено по последните две трки на кои немаат победа, нешто што во турбо хбридната ера ретко им се случува.

понекогаш сметате дека патеката не е идеална за вашиот болид, но потоа победувате на трка. понекогаш ви треба среќа за тоа, а друг пат сте навистина брзи. јас очекувам добар викенд, но нема никакви гаранции дека ќе победиме.

има многу работи кои треба правилно да се направат на квалификациите, а клучно за овој викенд е добар сетап на болидот. тренинг сесии има и дење и ноќе и тоа може да биде збунувачки при подесувањето на болидот. има многу работи кои треба да ги средиме пред да зборуваме за добар резултат – најави макс.

По последната спецификација на Хонда се чини дека Ред Бул се доближи до конкуренцијата, но Верстапен смета дека моторите на Мерцедес и Ферари сеуште имаат предност.

текшко е да се каже затоа што секогаш возат со повеќе потисна сила од нас. мислам дека сеуште имаат предност. што и да прави ферари во моментов јас не знам, но изгледа дека се многу далеку од сите во однос на чистата сила на моторот.

возните карактеристики на нашиот болид секогаш биле добри, мислам дека сите мотори стануваат такви и се слични во тој дел.

Холанѓанецот се надева дека во тимот го решиле и проблемот со стартот кој го мачеше и поради кои губеше позиции неколку пати годинава.

секогаш се обидуваме како екипа максимално добро да го подготвиме болидот, ние заедно со хонда, и работиме буквално на се. знаеме каде треба да се подобриме, но понекогаш тоа не е така лесно за одработување.

имавме неколку стартови кои не беа идеални, поради тоа губев позиции, но не може секогаш да се идеални. јас не се притискам премногу околу тоа, знам дека треба да се подобриме и ако почнам да си создавам притисок лошо ќе влијае.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ