Верстапен свесен дека Ферари ги победиле со развојот

Макс Верстапен е свесен дека Ферари ги победиле Ред Бул во трката по развој сезонава, но останува оптимист дека следната година ќе може да предизвика за шампионска титула.

Во пресрет на летната пауза, Верстапен беше возачот кој беше во најсилна форма откако победи на две од последните четири трки, а на последната возен во Унгарија, освои пол позиција, и беше минат за победа од Луис Хамилтон при самиот крај. Во вториот дел од сезоната работите не се одвиваат како што посакува холанѓанецот затоа што на 5те одржани трки беше само еднаш на подиум.

За разлика од нив, Ферари се преродија по крајот на летото, освоија пол позиции на сите 5 одржани трки, а победија на три од нив откако донесоа подобрен аеродинамички пакет на СФ90 кој работи одлично во комбинација со ионака силниот мотор од Маранело.

не се подобривме онолку колку што сакавме, но ако не споредите со мерцедес, нашиот напредок не заостанува многу, но дефинитивно не се подобривме толку како што тоа го направи ферари.

треба да продолжиме со напорната работа и да се обидуваме да се подобриме и да научиме работи кои ќе ни користат следната година. сите знаат дека и моторот може да биде посилен и сите го посакуваме тоа.

мојата изјава не шокира никој во тимот затоа што сите во милтон кинс имаме иста желба да се подобриме и да победуваме. секако дека не очекувам да се борам за титула годинава, тоа не е реално и остварливо кога се работи за нов партнер како ние со хонда, но сакаме на подолг период да го промениме тоа.

заедно со нив сме во фаза на градење на партнерството и соработката и се обидуваме да го максимизираме потенцијалот. имавме одлични трки, а целта е да бидеме совршени следната година – смета верстапен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ