Верстапен смета дека Ред Бул вади максимум

Макс Верстапен е среќен што Ред Бул го максимизира својот потенцијал затоа што вообичаено секогаш нешто тргнува наопаку во екипата.

Во пресрет на трката во Канада, младиот холанѓанец се наоѓа на 4то место во поредокот со два подиуми (3ти места) и две четврти место по првите шест трки. Тој е свесен дека сеуште не е во позиција да победи, но верува дека вади се од РБ15 пакетот од Милтон Кинс.

мислам дека добро ни оди и дека ги максимизираме резултатите до сега и немаме за што да се жалиме. секако дека секогаш сакаме да победуваме, но не сме во таква позиција во моментов иако силно притискаме наскоро да стигнеме и до тоа.

трети сме во шампионатот и го максимизираме потенцијалот што е секогаш многу позитивно, затоа што кај другите секогаш нешто не е како што треба. не е лесно се да се одработи совршено добро, но на нас супер ни оди – смета верстапен.

Иако партнерството на Ред Бул и Хонда е одлично за сега, Макс не сака да претерува со своите очекувања.

тешко е да се предвиди било што. знаме дека мораме да се подобриме и дека работите се менуваат од една на друга патека има места каде по природата на нештата сме поконкурентни од други.

од моето лично искуство сметам дека секогаш е подобро да се почека и да се види што носи иднината одошто да се поставуваат нереални цели. треба само да работиме напорно и на секој викенд да гледаме како на можност да победиме и на крајот на сезоната ќе видиме до каде сме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ