Верстапен со Хонда сака да го подобри стартот

Макс Верстапен сеуште немал старт како што посакува по три трки сезонава, а возачот на Ред Бул се надева дека Хонда ќе го подобри тој сегмент од својот мотор.

Холанѓанецот заврши на 4то место на последната трка во Кинам на моменти се бореше со Ферарито на Себастијан Фетел за 3то место, откако претходно го мина преку бокс другото Ферари, возено од Шарл Леклер. 21-годишникот е среќен со константното освојување поени, но е фрустриран од перформансите на стартот на трките на својот РБ15 пакет.

во кина дојдовме до уште еден добар резултат во однос на поените, но во текот на трката не се случија многу работи. да речам дека е фрустрирачки е многу силен збор, но во моментов ни фали ритам на трка за да дојдеме до уште повеќе поени на следните трки.

сезоната е многу долга и се надеваме дека во одреден момент со новините кои ќе ни стигнат на болидот ќе бидеме во можност д асе бориме за повеќе – изјави верстапен за холандски Ziggo Sport.

Во текот на минатата сезона Макс имаше многу често силни стартови и “ќаруваше“ позиции на почетокот од трките, нешто што не е случај сезонава и нешто што тој сака да го промени.

до сега немав добар старт на ниту една трка. со моторот на хонда сеуште се обидуваме силно да стартуваме и тоа е нешто што може да се подобри.

Потоа тој се осврна на шансите за следната трка во календарот, Баку во Азербејџан.

очекуваме нови делови за болидот и моторот во баку, така што треба да сме подобри. тешко е во моментов да се каже, но напревудаме.

мерцедес беа многу брзи во кина, во бахреин ферари беа најсилни, а ние сме за сега знак прашалник.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ