Верстапен: Фетел не направи ништо намерно

Макс Верстапен смета дека стјуардите на ФИА донеле погрешна одлука да се казни Себастијан Фетел со казна од 5 секунди на Канадското Гранд При.

Ферари и ФИА ќе се сретнат да го дискутираат нивното право да бараат преглед на казната и како што се одложува драмата, така се појавуваат се повеќе мислења.

Верстапен, кој ги брани постапките на Фетел, исто така го стави под знак прашалник постоењето на казни во трка, кои ја одземаат целата возбуда од тркањето, како што се случи во Канада.

Генерално, ако доделувате казна, можеби не треба да се додели во текот на трката. Ја уништува целата возбуда од моментот додека Луис го брка Себ и се борат за победа.

Ако погледнете кон тоа, првата грешка што се случи е кога Себ излета од патеката, се приклучи, но не направи ништо. Не го блокираше Луис намерно. Погрешно е што му дадоа казна.

Тој направи се што можеше на безбеден начин. Водите, знаете дека Луис е веднаш позади, така што притискате на педалата за гас и го управувате болидот.

Но, Верстапен исто така го гледа инцидентот од перспектива на Хамилтон и вели дека и тој ќе пренел преку тимското радио дека бил блокиран.

Луис виде дека тој излета. Тој знае дека Себ ќе се врати и секако дека ќе оди пошироко, а тој мораше да забави.

Ако јас бев на негово место и јас ќе пренесев по радиото дека ме блокирал. Знаете дека е во правилата и дека е можна казна.

Мислам дека сфаќаат што се случува, но понекогаш не може да дадат друга казна бидејќи е наведено во правилата и мора да се додели таа казна. Понекогаш не сакаат, но мораат. Прочитав неколку коментари дека биле нападнати преку Твитер и тоа не е фер.

Тие се обидуваат да ја вршат својата работа на најдобар можен начин и не е фер да се каже дека завршиле лоша работа. Мислам дека е добро да се анализираат правилата и да видиме дали нешто може да се промени.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ