Верстапен: Хонда донесе издржливост која никогаш ја немавме

Макс Верстапен ги пофали Хонда за издржливоста која ја обезбедија, тврдејќи дека тоа е нешто што тимот на Ред Бул никогаш го немал.

Ред Бул го промени снабдувачот од Рено на Хонда на крајот на 2018 година, а нивните перформанси се подобрија, додека Верстапен стигна до две победи досега.

Холанѓанецот подобрувањето го насочи кон подобрената издржливост и подготовките од Хонда, во споредба со снабдувачот кој го заменија.

Имавме механички проблеми со болидот минатата година, а не со моторот, но никогаш ја немавме издржливоста за да тестираме на лимитот. Хонда поминува многу време на динамометри, но потоа откривме и некои ограничувања од некои делови на болидот.

Никогаш не знаете дали болидот е доволно силен или не и само дознавате по откажувањето, така што сите подготовки се подобри. Болидот и моторот се многу издржливи.

Работиме заедно и се обидуваме да им помогнеме, тие ни помагаат, така што сме посветени едни на други. Тие се победници, ние сме победници, сите сакаме да победиме заедно и да го извлечеме најдобриот резултат.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ