Верстапен цели на победа кон средина на сезоната

Макс Верстапен верува дека Ред Бул ќе успее да ги предизвика Мерцедес и Ферари за победа на средината на оваа сезона.

Неговиот тим е свесен дека треба да ја подобри шасијата, а Хонда треба да поработи на моторот, но сепак според Верстапен повеќе не може да се очекува.

Мислам дека ни е потребно повеќе сила и ќе бидеме поблиску. Болидот треба да се поправи за да биде вистински конкурентен.

Се надевам дека до средина на сезоната ќе можеме да кажеме дека се бориме и на патеки без правци. Сеуште губиме време на правците и тоа е факт. Посебно споредено со Ферари. Тие прават нешто што никој не го знае. Имаат завршено домашна задача и ние треба да поработиме.

Иако Ред Бул се свесни дека треба да одат напред тој е задоволен со постигнатото и е на трета позиција во шампионатот, откако дојде до подиум победувајќи ја Скудерија на отварањето на сезоната.

Генерално сум задоволен од нашиот старт. Никој не очекуваше да се бориме за победи.

Со нов мотор тоа е најчесто така. Задоволен сум со Хонда до сега. Моторот е доста стабилен. Потребно ни е повеќе сила, но тоа го знаевме. Тие работат напорно да ја добијат. Не можам да се пожалам.

Кај болидот треба да најдеме потисна сила. Треба да најдеме подобар баланс во трка. Сега треба да максимизираме тоа што го имаме. Сеуште е рано во сезоната, а веќе сум трет. Се е можно. Треба да го средиме болидот и моторот и тогаш ќе видиме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ