Верстапен: Четврто место беше максимум

Макс Верстапен признава дека Ред Бул не можеле да имаат подобри перформанси од пласманот на 4то место во квалификациите за Француското Гранд При.

Неговиот најбрз круг во К3 беше 1:29.409, една секунда побавно од тоа на Луис Хамилтон. Сепак, времето на Верстапен беше четири десетинки побавно од тоа на Шарл Леклер, кој се пласираше на третата позиција. Возачот на Ред Бул смета дека разликата помеѓу двајцата не е толку голема колку што покажуваат времињата.

Мислам дека го постигнавме максимумот.

Откако направивме неколку подобрувања на болидот, имавме добри квалификации во однос на тренингот. Мојот круг не беше најдобар, болидот се однесуваше чудно во последните два свиоци. Ќе мора да го анализираме тоа.

Можевме да бидеме поблиску до Ферари, но последниот круг не беше чист. Болидите годинава се дополнително осетливи на ветар.

Изгледа дека Мекларен се многу блиску до нас. Генерално, би требало да сме 3 – 4 десетинки понапред, Но ја постигнавме максималната позиција и среќен сум што ќе стартувам од вториот ред.

Во трката ќе ни биде потребна среќа. Не верувам дека ќе може да се бориме со Мерцедес, но се надевам дека ќе можеме со Ферари.

Ќе биде тешко, но барем стартуваме од добра позиција споредено со Канада. Ќе видиме каде ќе завршиме – детален е верстапен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ