Ветерот му помогнал на Хамилтон

Луис Хамилтон потврди дека условите во последниот квалификациски сегмент му помогнале да ја освои пол позицијата во Франција пред својот колега Валтери Ботас.

Финецот беше најбрз во првите два квалификациски делови и се надеваше на пол позиција, но промената на правецот на ветерот најдобро ја искористил Луис кој постави време за речиси три десетинки побрзо од остварувањето на својот колега.

валтери беше многу брз цел викенд, а јас малку по малку се одлепував.

патеката не е воопшто лесна иако има големи асфалтни делови каде може да се излета, се работи за многу технички автодром, а ветерот се засилуваше и постојано го менуваше правецот. поради тоа мора да бидете динамичен во однос на тоа како го напаѓате кругот. има одреден момент до кој може да напаѓате, а потоа мора да се предадете и да олабавите поради ветерот.

моите последни два кругови беа одлични, а последниот беше половина секунда подобар, но “утнав“ на последната кривина. преблаго влегов таму и ветерот дополнително ме забави.

како и да е сепак беше доволно добар круг и тоа е важно. среќен сум дека го искористив потенцијалот на болидот – изјави хамилтон.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ