Вилијамс и Мерцедес заедно до 2025 година

Вилијамс Рејсинг и Мерцедес се договорија да го прпдолжат договорот за соработка по што нивното партнерство ќе трае минимум до 2025 година.

Вилијамс почна соработка со производителот од Штутгарт во 2014 година на почетокот од В6 турбо хибридната ера со седумгодишен договор чија важност се поклопува со важноста на тековниот Конкорд договор. Новата соработка покажува верба на двете компании во насоката во која ќе се движи спортот по 2021 година. Но, Вилијамс ќе продолжи да си прави сопствен менувач наместо да користи мерцедесов како што тоа го прават во Рејсинг Поинт.

Тимот од Гроув одсекогаш имал одлична соработка со “сребрените“, можеби затоа што Тото Волф, првиот човек на Мерцеде,с претходно беше акционер и директор во Вилијамс, а добраиот однос се покажа и при трансферот на Валтери Ботас.

имаме одлична сорбаота со мерцедес минатите шест години од седумгодишната соработка која ја имаме договорено и поради тоа сме воодушевени што ќе продолжиме со нив и следните пет години.

мерцедес секогаш е еден од најуспешните производители на мотори во спортот и ние веруваме дека ќе продолжат со многу конкурентни мотори и во иднина. низ времето станаа вистиски наш пријател и нетрпеливи сме да продолжиме да работиме со нив во иднина – изјави клер вилијамс.

Задоволен од продолжувањето на соработката е и Тото Волф, првиот човек на Мерцедес.

вилијамс е еден од историски најзначајните брендови во формула 1 и горди сме што го имаме за свој партнер. минаа низ тешки времиња, но тоа само ја демонстрираше нивната сила и карактер да се вратат онаму каде што припаѓаат.

сигурен сум дека независните тимови ќе имаат светла иднина со новото буџетско ограничување од 2021 година и задоволни сме што продолжуваме со нив.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ