Вилијамс и Рокит ја продолжија соработката

Вилијамс си обезбеди продолжување на соработката со својот главен спонзор Рокит за следните три до пет години, објавија британцит ево пресрет на Британското Гранд При.

И покрај тешката сезона која почна лошо уште на предсезонските тестови кои тимот од Гроув ги пропушти, Вилијамс објавија дека ќе ја продолжат соработката со телекомуникациската компанија, најдоцна до 2024 година. Британски Рокит го замени Мартини кои неколку години беше главен спонзор на трофејниот тим.

Тимот се мачеше со перформансите и лани најдобар пласман им беше 15то место во три наврати, Клер Вилијамс беше горда што обезбедиле главен спонзор во многу тешко време, а сега е уште позадоволна од продолжувањето на соработката.

воодушевени сме што ќе објавиме дека го продолжуваме партнерството со рокит. како што реков во февруари, ова е природно партнерство базирано на вредности, иновација и инженеринг кои постои во двете компании.

рокит дојде во тимот во предизвикувачки и тежок период и тоа многу ни значи на нас што тие веруваа во нашата визија и се посветија да ни помогнат да ги постигнеме завцртаните цели.

лично уживам да работам со тимот на рокит и нетрпелив сум да продолжиме и во годините кои следат – изјави клер.

Задоволен од продолжувањето на соработката беше и Џонатан Кендрик, Претседател на Рокит.

нашиот однос со вилијамс ја поддржува нашата позиција како глобален играч во мобилната телефонска инфустрија, забавата и бизнисот со пијалови.

имаме возбудливи планови да произведеме посебни рокит вилијамс производи како и силна дистрибуциска мрежа преку нашите партнери. посветен сум да му помогнеме на тимот да се врати на подиумот каде припаѓа.

Тимот е единствен без поени во досегашниот дел од сезоната, а Техничкиот директор Пади Лоув замина минатиот месец.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ