Вилијамс напредувале повеќе од предвидувањата

Вилијамс Формула 1 тимот имал поголем напредок одошто првично очекувале оваа тркачка сезона, откри тимскиот шеф, Клер Вилијамс.

Тимот имаше неконкурентен болид уште за време на предсезонските тестови на кои патем речено задоцнија, но на последните трки имаат значителен и видлив напредок, особено во Германија и Унгарија, трки кои ги возеа со последна серија на подобрувања.

Џорџ Расел се квалификуваше како 15ти на гридот во Хунгароринг со круг кој го опиша како “круг за пол позиција за Вилијамс“, а трката ја заврши позиција подолу од стартната.

цел ни е да ги стигнеме останатите од средината на поредокот до крајот на сезоната. имаме свои амбиции и цели и не смееме дополнително да заостануваме. од почетокот на сезоната помеѓу нас и екипата пред нас беше 1,5 секунди што е многу за надоместување за една сезона.  толкаво време тешко се надоместува за една година и наша цел од почетокот беше тој заостаток да не се зголемува, туку полека и стабилно да се намалува.

задоволна сум што гледам дека сме направиле поголеми придобивки одошто предвидувавме за средината од сезоната и тоа ни дава мотив да се бориме со оние пред нас како што тоа го правевме со хаас неколку пати сезонава.

сакаме да се вклучиме во мешаницата од средината од поредокот. се работи за бавно надоместување на заостатокот во перформанси – смета клер вилијамс.

Напредокот на тимот е преку новини кои последователно се носат вклучнително нови странични крила и нов под.

од аеродинамички аспект тоа беа некои елементи кои ги донесовме на патеката, но имаше и механички подобрувања кои не се гледаат од надвор на болидот, а се со цел стабилизација и перформанси.

мислам дека страничните крила ни ја покажаа насоката на движење во однос на аеродинамиката, долго чекавме на неа, но имаме одлична корелација помеѓу податоците од патеката и воздушниот тунел по симулациите кои ги спроведовме.

работата која ја завршувавме ни помогна да напредуваме. мислам дека џорџ расел веќе кажа дека ни требаат пет чекори наназа за да напредуваме десет чекори ко напред и дефинитивно долго време чекаме да видиме позитивни занци.

аеродинамиката е многу комплицирана и може лесно да се загубите во се што работите, не пости никаква магија, има само една насока и се што не е по истата не носи резултати.

Вилијамс се последни во поредокот со само еден освоен поен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ