Вилијамс нема да се ослободи од Кубица

Вилијамс ги отфрли како неточни шпекулациите кои велеа дека Роберт Кубица ќе го загуби своето место во тимот во текот на сезоната.

Полскиот возач дојде во Гроув лани и одработи една година како тест и резервен возач, а сезонава напредуваше како возач на трка по осум години отсуство од Формула 1 автодромите.

Тимот се мачи со перформанси и лани и годинава, а Кубица сеуште го нема победено на квалификации својот колега Џорџ Расел, а на трка тоа се има случено само еднаш. Поради тоа, шпекулациите велеа дека Роберт ќе биде заменет, но Клер Вилијамс го демантира тоа.

шпекулациите според мене се фрустрирачки, но само доколку се внатре од тимот, тие се вистински, во спротивно нема начин да се дознае нешто такво.

нашиот однос со роберт е силен како и секоташ, тој напорно го работи тоа што се бара од него и ние даваме се од себе за да му дадеме колку што може подобар пакет за да биде на посакуваното ниво.

што се однесува до мене, немаме никакви фрустрации во тимот. сигурен сум дека тој единствено е нервозен затоа што ја нема опремата со која во моментов би сакал да се трка. но, мина само половина од сезоната и рано е да се мисли за следната и за нашиот тандем возачи.

почнавме да размислуваме и за тоа, но не сме во позиција да донесеме одлуки сеуште и тоа веројатно ќе го направиме во последниот квартал од годината. во моментов ни на крај памет не ни е да го замениме роберт – појсани клер.

Таа потврди и дека младиот Џорџ Расел ќе остане во тимот и следната тркачка сезона.

не сме разговарале со џорџ за потенцијално напуштање на тимот на кус рок затоа што со нас има потпишано долгорочен договор. за мене тој е материјал за светски шампион и како таков навистина не сакам да го загубам. ќе направам се што можам да го задржам во вилијамс.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ