Вилијамс сеуште не одлучиле дали ќе го вработат Пет Фрај

Од тимот Вилијамс сеуште тврдат дека немаат одлука за доаѓање на Пет Фрај во тимот иако се тврди дека тој веќе дал отказ во Мекларен и се подготвува за заминување во Гроув.

Неколку дена откако Вилијамс потврдија дека се разделиле од Пади Лоув, Фрај си дал отказ и се припремал за принудната пауза. Фрај се врати во Мекларен во Септември 2018 година за да помогне во развојот на МЦЛ34 со што тимот во моментов е на четврта позиција кај конструкторите.

Доаѓањето на Фрај во Вокинг било краткотрајно бидејќи се чекаше доаѓањето на новиот технички директор Џејмс Кеј. Тајмингот на Фрај за заминување од Мекларен се погоди точно со заминувањето на Лоув.

Како што знаат сите, ситуацијата со Пади е затворена и бараме нов човек кој ќе го носи тимот напред. Тоа значи нов главен технички директор или само технички директор, но сеуште правиме проценки. Ја бараме вистинската личност и не сакаме пребрзи одлуки – најави клер вилијамс.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ