Вили Вебер контра Берни по коментарите за Шумахер

Поранешниот менаџер на Михаел Шумахер, Вили Вебер, застана на спротивна страна од Берни Еклстон по коментарите кои британецот ги имаше за Формула 1 легендата.

Берни во своето интервју за германски Sport Bild изјави дека проблемот на Еклстон било тоа што не познавал граници, често носел голем публицитет иако тој не бил позитивен, но и го критикуваше за неговото враќање во спортот во тимот на Мерцедес.

Вили Вебер ги нареќе коментарите на Берни едноставно – глупави.

како тркач мора да одите и да направите нешто над лимитот, а никој тоа не го знаеше подобро од михаел кој стана најуспешен тркач во историјата на сите времиња. берни многу добро го знае тоа.

на спорната трка, вилнев буквално го покани михаел да влета во него и да го удри. јас му реков на михаел дека ако планира нешто такво, тогаш треба да го направи на вистински начин, исто како прост и сена. но, тој го направи тоа тврдоглаво затоа што како германец знаеше дека не е исправно – откри вебер.

Вили потсети дека токму успесите на Михаел со Ферари го ставиле Еклстон и Формула 1 на место каде никогаш порано не биле.

сега зборува за шумахер кој нормално дека не може да му одговори.

во врска со неговото враќање во мерцедес, јас му кажав на михаел дека не може да победи, туку само да загуби. но, тој беше инспириран од идејата повторно да победи со неговиот стар пријател рос браун. плодовите на нивната работа сега ги собираат тото волд и луис хамилтон.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ