Вилнев се шегува: Леклер му направи “Магнусен потег“ на Хамилтон

Поранешниот Формула 1 шампион, Жак Вилнев, смета дека Шарл Леклер направил “Кевин Магнусен потег“ во обид да се одбрани од Луис Хамилтон.

Хамилтон се обидуваше да ја превземе позицијата на Леклер речиси цела трка, на моменти имаа интензивна битка, но возачот на Ферари секогаш знаеше да до одбрани водството.

Возачот од Монако призна дека жестоко се бранел и бил на лимитот, а во еден момент остави малку простор за својот конкурент од Мерцедес кој сакаше на кочење да го мине на 4та кривина од патеката. Вилнев смета дека тој потег на Шарл наликувал на начинот на кој данецот Магнусен ја брани својата позиција.

тешко ми е што ќе го кажам ова, но јас сметам дека е вистина иако многумина нема да се сложат со мене и ќе речат да им се допаѓало тркањето и дека јас сум идијот. но, леклер мора да се анализира како и било кој друг возач, а во недела направи магнусен-потег. тоа е вистината и на тој начин го испрати луис крај патеката – изјави вилнев за motorsport-magazin.

Но, според Жак, тоа не биле единствените престапи за младиот возач на Ферари. Канаѓанецот смета и дека Леклер пресекол кривина и иако бил пред Хамилтон во тој момент, по пресекувањето стекнал уште поголема предност.

буквално ја пресече втората шикана и излезе со поголема предност одошто беше на влезот. за тој инцидент немаше никаква истрага.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ