Вилнев смета дека Рикардо повеќе заслужил казна од Фетел

Во својата анализа по трката, Жак Вилнев смета дека Даниел Рикардо заслужил казна повеќе одошто Себастијан Фетел, кој всушност доби казна која го чинеше победа на трката.

Возачот на Рено се Бореше со Валтери Ботас неколку кругови, задржувајќи го моќниот Мерцедес зад себе со низа блокирања, кои очилгедно на Вилнев не му се допаѓале.

Во еден момент Валтери дури беше приморан да отпушти гас на големиот правец пред стартната рамнина поради наглиот потег на австралискиот возач. Инцидентот не беше нотиран и анализиран од страна на стјуардите, за разлика од оној на Фетел.

не бев изненаден од казната на фетел затоа што казните многу често се сосема спротивни од моето мислење.

рикардо заслужи казна за начинот на кој возеше на правците, а не доби казна. често е така.

секако е лошо за формула 1 и ја уништи трката поради една лоша проценка и целосно различен победник.

ако фетел направеше нешто нечесно, нешто како рикардо на правецот, тоа ќе беше заслужена казна и ќе беше во ред иако победникот беше друг – изјави вилнев за Autosport.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ