Вилнев смета дека спринт квалификациска трка не е во стилот на Ф1

Жак Вилнев, поранешниот Формула 1 шампион, смета дека предложената спринт трка наместо квалификациска сесија се заканува да ја претвори врвната тркачка серија во игра.

можеби изгледа забавно, но тоа не е формула 1, тоа не е трка и ќе го претвори овој професионален спорт во игра. ако сакаат може да го воведат, но во тоа нема ништо спортско.

не мислам дека промени треба да се прават за повеќе забава на телевизија. тркањето треба да остане спорт пред се. во овој спорт има некои поставени темели кои никогаш не треба да се менуваат – изјави вилнев за руски Championat.

Всушност, Жак не е сигурен зошто Либерти Медиа сакаат да направат таква промена.

тркањето ретко кога било толку добро. сите константно гледаат кон 50-те, 60-те и 70-те години и времето на сена и прост, сметајќи дека тогаш било најдобро. но сена и прост ги минуваа сите за еден круг, претекнување немаше, зарем тоа е добро?

или нашата ера кога ни требаше нешто ново на секои пет секунди. ако продолжиме да ја носиме формула 1 во таа насока, ризикуваме да ја уништиме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ