Вилнев: Ферари ќе “го изгори“ Мик Шумахер

Жак Вилнев, поранешниот Формула 1 првак, смета дека Мик Шумахер е под огромен притисок да донесе резултати сезонава.

20-годишниот германец сезонава ја вози во Формула 2, а стана дел и од Академијата на Ферари, по што италијанците имаат голема надеж во него.

во моментов ферари го користат својот имиџ за него, но доколку не е многу брз, ќе “го изгорат“. засега работата е тивка, но чекањето заврши и сите очекуваат големи работи од него – објасни жак за шведски Expressen.

Канаѓанецот откри дека и неговите почетоци биле слични затоа што тој е син на уште една Формула 1 легенда, никогаш непрежалениот возач на Ферари, Жил Вилнев.

доколку не е многу брз и доколку прави грешки, критиките ќе бидат силни, а тој мора да се соочи со нив, да научи како да се однесува или да се спакува и да си оди дома, средина не постои.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ