Владимир Путин ќе гради нова патека крај Санкт Петерсбург

Рускиот Претседател Владимир Путин ги поддржа плановите за изградба на нова тркачка патека за организација на Формула 1 Гранд При трки во непосредна близина на Санкт Петерсбург. Патеката би била домаќин на Големата награда на Русија од 2021 година штом заврши договорот на Автодромот во Сочи.

Според пишувањето на руски Sportsmail, Претседателот Путин е подготвен финансиски да застане зад наменски изградена патека на 25 километри од неговиот роден град.

Викендов на програмата е 6то издание на Руското Гранд При во Сочи, на патеката низ олимпискиот град која не успеа да стане препознатлива и омилена во Формула 1 календарот.

Берни Еклстон одамна разгледуваше можност за тркање во Санкт Петерсбурт, но тогаш “на маса“ беа планови за градска трка, пред државата да се реши да направи патека низ монденското летувалиште сочи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ