Возачите сакаат екрани наместо ретровизори

Формула 1 возачите ја охрабруваат ФИА да воведе камера на задниот дел од болидот и екран каде би се гледала истата наместо ретровизорите кои се користат. Ова беше една од темите на разговор за време на петочниот брифинт на возачите во Америка, а со цел да се избегне сударот налик на оној на Кевин Магнусен и ШАрл Леклер.

Сегашните ретровизори имаат ограничена видливост и тешко се пресудува брзината со која болидот се прибилижува од позади или насоката на болидот кој следи, особено кога се користи ДРС. Ретровизорите се модифицирани за следната година и ќе бидат налик на оние кои се користат во други тркачки категории, но сепак возачите сакаат подобра видливост.

Потенцирано е решавање на проблемот со светлината на дисплејот како и местото наде би бил поставен, дали во кокпитот или на место на ретровизорите. Во исто време проблем е и фокусот на возачите кој би можел да биде одвлечен со гледање на екранот наместо кус поглед во традиционалните ретровизори.

Сфаќаме дека со ретровизорите кои ги имаме не можеме јасно д видиме зад нас и веројатно дека потегот на Кевин беше погрешна проценка поради ретровизорите, нешто што се случувало и порано така што не треба тој да се обвини. Мораме дел од вината да ја ставиме и врз ретровизорите кои реално не се доволно добри согласно Формула 1 стандардите.

Предложибме камери наместо ретровизори, нешто што веќе е вивено во други категории и мислам дека ФИА ќе го разглда предлогот, но сеуште не е јасно. Знаеме дека возачите во други категории го маат, постојат во ВЕЦ, но не значи дека ќе дојде и во Формула 1 затоа што тоа во моментов е само опција – откри Карлос Саинз.

Валтери Ботас, возачот на Мерцедес, се согласува дека камерата е добра алтернатива на ретровизорите.

Не гледам причина зошто тоа не би било добро во Формула 1, мислам дека го има кај многу патнички автомобили и други тркачки серии со паметни работи направени со ретровизорите, екрани и ситни камери. Технологијата постои, таа треба да го води спортот така што сигурен сум дека може да биде направено.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ