Возачите ќе добијат еднаква можност за титула, најави Волф

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, откри дека Луис Хамилтон и Валтери Ботас ќе добијат еднаква можност за борба за овогодинешната титула и екипата нема да поддржува посебно никој.

Двајцата возачи на “сребрените стрели“ се единствени кои и теоретски може да ја освојат титулата, откако со 1-3 победа на Сузука, никој веќе нема можност да ги стигне до крајот на сезоната. Тоа значи шест последователни двојни шампионски титули за Мерцедес во Формула 1.

Победата на Валтери во Јапонија во комбинација со 3то место на Хамилтон значи дека водството на британецот е намалено на 64 поени, а до крајот за освојување од страна на поединец има вкупно 104. Актуелниот првак има шанса да ја освои титулата уште на претсојното Гранд При во Мексико кое се вози во текот на последниот викенд од месец Октомвро.

морам да кажам дека согласно вредностите кои ги негувае во минатото, секогаш сме биле фер кон нашите возачи. понекогаш гледате колку е тешко издржливо тоа, но јас сакам моите возачи да се тркаат.

валтери реално е аутсајдер со 64 поени заостаток, тоа се 2,5 победи, но ќе им дадеме еднаква можност да се тркаат на патеката до крајот на првенството – најави австриецот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ