Волф: Вандорн и Де Врис имаат шанси за Ф1

Тото Волф верува дека возачите на фабричкиот Формула Е тим на Мерцедес, Стофел Вандорн и Ник де Вриес. во моментов се во позиција за идни Формула 1 места.

Вандорн се приклучи на Мерцедес откако една година возеше со ХВА по две катастрофални сезони за Мекларен во Формула 1, а Де Врис е водечки оваа година во Формула 2 и беше во подмладокот на Мекларен од 2010 до 2018 година. “Сребрените стрели“ се единствениот производител со тимови во Формула Е и Формула 1 тркачките серии.

Јас ги оценував и двајцата и мислам дека ќе дојде време и ќе добијат шанса во Формула 1.

сепак, Формула Е е возбудлива како фабричка платформа и посебно сум задоволен што ќе работам со нив. Мислам дека двајцата заслужуваат место во Формула 1 и двајцата се дел од Мерцедес фамилијата, а можеби и ќе имаат улога во Формула 1 тимот како возачи во симулатор или слично.

Никогаш не треба да се кажува никогаш – најави волф.

Со земањето на водечки возач во Формула 2 серијата за првата сезона, Мерцедес го има истиот пристап откако Нисан е.Дамс кога тие се решија да го донесат Александер Албон да вози со Себастијан Буеми. Но, Албон никогаш не стартуваше со тимот бидејќи доби шанса во Торо Росо.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ