Волф: Максималните поени на Мерцедес не се реални

Првиот човек на Мерцедес, Тото Волф, е свесен дека совршените две 1-2 победи за тимот на првите две трки од сезоната не се реална претстава на перформансите на екипата на отварањето на првенството.

“Сребрените стрели“ ја почнаа сезоната со 1-2 победа во Мелбурн и доминација од страна на Валтери Ботас, но втората трка возена во Бахреин беа во дебела сенка на Ферари и единствено извртувањето на Фетел и проблрмите со моторот на Леклер им донесоа победа.

по првите две трки од сезонава изгледа како да сме во силна позиција, имаме 87 поени, само еден помалку од максималните, но тој поредок не ја покажува реалната слика.

вистината е дека не сме брзи како нашите директни конкуренти на квалификациите и трката, особено онаа во бахреин. ферари беа значително побрзи од нас на правците, тоа беа неколку десетинки по круг предност.

како и да е, за да освоите поени треба да завршите трка, а комбинацијата од перформанси, издржливост и тимска работа на нашиот систем ни донесоа две 1-2 победи на почеток од сезоната – појасни тото.

Во пресрет на Шангај, долгите правци јасно дека се во корист на СФ90 болидот на Ферари, но Волф најавува бестрашна битка.

предизвикот кој е пред нас само не мотивира да продолжиме да вадиме максимални перформанси од пакетот и да доаѓаме до максимални поени. ќе се обидеме да притискаме и да ги користиме сите можности кои ќе ни се укажат.

видовме доста возбудливи трки до сега сезонава, а сметаме дека така ќе биде и во кина – очекува австрискиот шеф.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ