Волф: Мерцедес не смеат да земат ништо “здраво за готово“

Тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф, истакна дека тие не смеат да земаат ништо “здраво за готово“ и покрај значителната предност во двете првенства.

Мерцедес влегува во завршницата од првенството со предност од 154 поени пред Ферари во пласманот, додека кај возачите предноста на Хамилтон е 99 поени пред највисоко рангираниот возач кој не е дел од Мерцедес.

Мерцедес победија на 8 трки, но од тогаш имаа само две победи, додека Ред Бул и Ферари имаа свои победи во два настани поединечно.

Интензитетот сеуште постои во 2019 година бидејќи има уште 7 трки. Имаме солидна предност во двете првенства, но очигледно серијата од последните викенди помина лошо и може да придонесе кон движење во поинаква насока, затоа мора да притискаме и понатаму.

Не смееме да земеме ништо здраво за готово. Знаевме дека ќе биде тешко во Спа и Монца за нас и токму тоа се случи.

Сингапур на хартија изгледа подобро за нас и Ред Бул. Немам сомнеж дека Ферари ќе се подобрат во меѓувреме и ќе имаат подобар пакет, подобар од Унгарија.

Фетел не смее да биде отпишан од титулата, тој е четирикратен шампион и разликата помеѓу најдобрите и добрите е што најдобрите секогаш може да се вратат. Немам сомнеж дека тој го има тоа во себе. Имаше лоши трки и сега ќе мора да се врати себеси каде што заслужува да биде.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ