Волф: Нашата филозофија е клучна за успехот

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, изјави дека промена на нивниот дизајн на болид и развојна филозофија било клучно во ерата на доминација која сеуште ја живеат.

Мерцедес доминира во последната В6 турбо хибридна ера која почна во 2014 година, благодарение на врвниот мотор и перформанси од истиот, но со фактот што конкурентите се се поблиску во однос на моќта, германците ја промениле развојната стратегија.

Актуелните прваци на својот последен В10 болид имаат значителни подобрувања во однос на потисната сила и драг-от со што имаат подобри перформанси во бавните кривини, област во која претходно се мачеа. На првите шест трки нивниот пристап се чини дека е исправен затоа што победија на сите и имаат огромна предност во поредокот.

на почетокот по промената на правилата за моторите имавме болид со низок драг, многу брз на правците со помош на моќта од моторот. низ годините мислам дека шасијата и моторот станаа еднакво важни во извлекување на перформанси и време. половина од времето е моторот што е импресивно, но ние успеавме да направиме и фантастична шасија со повеќе потисна сила и драг.

не сме најбрзи на правците во моментов, но веруваме дека имаме направено најдобар компромис помеѓу шасија и мотор за да максимизираме перформанси.

ако лани ми кажевте дека ќе бидеме прво и второ место на квалификации константно од почетокот на годината, ќе помислев дека е одлично, но немаше да верувам – објасни волф.

Во Канада, Мерцедес “ќе ја брка“ својата седма победа по ред сезонава, а за таа цел ќе донесе и подобрен мотор.

секоја следна патека е голем предизвик. традиционално монако не ни “лежи“ многу, знаевме дека по формата на бавните кривини во барселона имавме шанса, но монако сепак е поинакво. чистите перформанси во текот на еден круг дефинитивно беа на наша страна во монте карло.

монтреал е многу предизвикувачки и уште една голема мотивација за наши врвни перформанси.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ